четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Дан“: Мандиќ најверојатно ќе биде кандидат на Демократскиот фронт за претседател на Црна Гора

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, најверојатно ќе биде кандидат на коалицијата за претседател на Црна Гора на изборите закажани за 19 март, пишува подгоричкиот портал „Дан“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претседателот на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ, гостувајќи на РТЦГ синоќа изјави дека ДФ веќе го избрала својот кандидат, не сакајќи да го соопшти името, а на порталот „Дан“ од овој сојуз му потврдиле дека најверојатно кандидатот ќе биде Андрија Мандиќ.

Претседателските избори во Црна Гора ќе се одржат на 19 март, а рокот за поднесување на кандидатурите е до 26 февруари на полноќ. с