Како што објави порталот „Плусинфо“ повикувајќи се на добро упатени извори, на Даравелски веќе му се застарени делата и издржувањето на казната изречена во 2007 година, кога му се судеше во отсуство, а тој се решил да влезе во државата токму откако претходно се уверил, во консултација со неговите адвокати, дека не може да биде задржан во затвор.
Ќе бидат потребни само неколку дена за тоа официјално да биде констатирано, по што тој ќе биде слободен граѓанин, велат изворите на „Плусинфо“, откако денеска Даравелски околу 15 часот бил донесен на издржување на казната во „Идризово“.
Како што посочува „Фокус“, според Кривичниот Законик, застареноста на извршување на казната подразбира неможност да се започне со извршување на изречената казна штом ќе измине рокот кој во законот е определен како рок на застареност, почнувајќи од денот на правосилноста на судската одлука.
Имено, доколку со закон поинаку не е определено изречената казна, истата не може да се изврши кога ќе поминат:
1) 30 години од осуда на доживотен затвор,
2) 20 години од осуда на затвор над десет години,
3) десет години од осуда на затвор над пет години,
4) пет години од осуда на затвор над три години,
5) три години од осуда на затвор над една година и
6) две години од осуда на затвор до една година или на парична казна.
Даравелски беше осуден (на 7 години затвор) во 2007 година, за дело што го сторил во периодот од 1999-2002 година. Според тоа, од сторувањето на делото се поминати 20 години, а од правосилноста на казната (од 2008 година) веќе поминале повеќе од 10 години.
Пронајдете не на следниве мрежи: