ДАРКО ЛАЗИЌ МОРА ПОД ИТНО НА ОПЕРАЦИЈА! Ако не си ја сфати сериозно ситуацијата може да биде кобно за него

Познато е дека пејачот на крајот на јануари 2020 година имаше операција на желудникот, по што ослабе дури 88 килограми, но како што сега се наведува, ќе мора да оди на уште една операција.
– Желудникот е привремено врзан и класичното врзување и ставање балон по половина година мора да се врати во нормала. Во спротивно, ќе има последици, па црниот дроб може да се оштети. Еден проблем го решавате привремено, а создавате друг. Колку што знам, на Дарко му беше советувано да го извади балонот, но тој не сака. Не можеш да го фатиш. Голем проблем настанува кога тој балон ќе почне да прераснува во ѕидот на желудникот, па пациентот мора да се оперира, да се отвори и сето тоа да се отстрани – истакнува гастроентерологот, професор д-р Воислав Перишиќ.
Па, Дарко е во свој свет. Не можете да го фатите за глава или за опашка. Сè уште сака да пие од време на време, јаде и мрсна, нездрава храна, дури и слатки. Единствено што е, да речеме, добро во целава приказна е што консумира сето тоа многу помалку од порано, брзо се сити, а не може ни да пие како пред операција. Колку што знам, моментално не размислува за никаква операција, само ужива со својата девојка Барбара, а тоа го прави среќен – изјавил пријателот на пејачкот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.