Дарко од Кавадарци го фати крстот и со неговиот гест предаде лекција по хуманост

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот за Водици во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, за утре организираат хумана акција.
-Утре од 9:15 часот светиот крст ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци и сите верници ќе можат да го бакнуваат и даруваат. Сите пари ќе бидат донирани за помош на малата Драгана Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија, нагласија од навивачката група.


Рекоа дека во деновите за празнување на делата Господови кога сите си ги посакуваме најубавите желби и се молиме за нашите најблиски и најсакани, повикуваат сите да ја покажат својата хуманост.
-Да помогнеме едно мало девојче да ги види со своите очи луѓето кои бескрајно ја сакаат. Бог се јави. Навистина се јави, додадоа од навивачката група.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.