Четврта година по ред, мајката Елена, позната на Инстаграм како @elenagagic во соработка и со други мајки преку својата мисија на проектот „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму таа изминатите години како активистка на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани и компании заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност” и здружението „Линк“.
„Навистина тешки мигови пребродувавме за време на Ковид пандемијата сега и за енергетска криза, но секогаш треба да бидеме хумани и да помогнеме барем за новогодишните празници секое дете да му подариме насмевка со едно пакетче. Затоа испраќам апел до секој поединец и до секоја компанија да се обединиме и да бидеме сите хумани. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот на Телеком: 070/143-100 и А1: 143-777 или преку жиро сметка на „Љубезност“, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца и исто така може да креирате пакетче и да го доставите.“ – вели Елена Гагиќ Стојчевска.
Таа пресреќна додава дека пред четири години на социјалните мрежи промовираме како родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат а воедно да ги оттргнат децата од модерните технологии. Така и оваа година е истиот концепт и благодарна е што секоја година се донираат над 1500 новогодишни пакетчиња. Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Инстаграм, на која работат со повеќе групи. Оваа година ќе промовираат и поддржат над 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој проект.
Проектот е да создадат што повеќе детски насмевки, така што собраните средства од донациите заедно со здружението “Љубезност” кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, додека преку здружението „Линк“ пакетчиња наменети за деца во од руралните средини во тетовско и кумановско.
Елена порачува: „Секое дете на светот е исто и секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови. Да бидеме сите хумани и да создаваме насмевки”