Да земјотреси утринава ја стресоа Анталија

Два земјотреси со јачина од 3,9 го потресоа турскиот медитерански округ Анталија, јавува турската телевизија НТВ.

Утринава во 9 часот и 37 минути е регистриран потрес со јачина од 3,9 степени. Неговиот епицентар бил во морето во реонот на одморалиштето Каш. Длабочината на земјотресот била 28,43 километри, покажуваат податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Доцна синоќа во 22:26 часот земјотрес со јачина од 3,9 степени е регистриран кај Кас. Неговата длабочина била 21,78 километри, пренесува АФАД.

Пронајдете не на следниве мрежи: