Да се подигне свеста за дечињата со инвалидитет: Барби кукли во инвалидска количка и со протеза на нога

„Имаме можност да го подигнеме нивото на разговорите за физички инвалидитет, така што ќе го вклучиме во својата нова линија на кукли“- се наведува во соопштението на производителот Мател.
Популарната кукла Барби ќе се бори против стигматизација на лицата со инвалидитет, откри компанијата.


Во колекцијата за 2019-та една од Барбиките ќе има инвалидска количка, а друга протеза на едната нога, која ќе може да се тргне.
Во пакетот ќе има и рампа за инвалидски колички, која ќе може да се намонтира на Барби куќата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.