Почна ли да заборава Македонија на своите херои и жртви од 2001 година? Зошто сеуште нема официјална верзија за војната? Зошто нема документарци? Зошто никој ништо не пишува и истражува на темата?
Кој ги амнестираше воените злосторства и зошто?? Никогаш не добивме разрешница и одговори:
Помина 21 година од масакрот кај месноста Љуботенски Бачила, кога загинаа осуммина припадници на резервниот состав на АРМ, а исто толку беа повредени. На тој, 10 август 2001-та, иако беше прогласено примирје и прекин на огнот, рано изутрината околу 8 часот, воениот камион на АРМ со сите војници во него, нагазил на две противтенковски мини.

На 10 август 2001 година на патот кај месноста Љуботенски Бачила армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.
Пронајдете не на следниве мрежи:


