Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот утрото, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.

Снимка од тепачката меѓу полицајци која се случила на првиот ден на Велигден пред угостителски објект во Кривогаштани, прилепско.
На видеото се гледаат двајца полицајци кои се тепаат, а трет пробува да ги раздели. Едниот од полицајците вриснува и се фаќа за пиштолот. Другиот пцуе, а потоа си заминува. Потоа едниот од полицајците влегува во сив „голф“.
Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, соопшти СВР-Битола.


