четврток, 12 ноември 2026
Најново

Двајца обвинети за подготовка на експлозија доживотно осудени во Лондон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судот во Лондон осуди на доживотен затвор двајца обвинети за заговор за изведување бомбашки напад врз база на Копнените сили на Велика Британија во Лутон, јавува телевизијата Sky News.

 Престапниците се обиделе да се предизвикаат експлозија во базата или во близина на нејзиниот периметар, камуфлирајќи ја експлозивната направа во радиоконтролирана играчка. Притоа, како главен доказ за нивната вина биле транскриптите од прислушуваните телефонски разговори меѓу Захид Икбал и Мохамед Шафраз Ахмед, во кои тие разговарале за планираниот терористички напад.
„Судот во Лондон ги осуди 31-годишниот Захид Икбал и 25-годишниот Мохамед Шафраз Ахмед на доживотен затвор за заговор и обид за активирање на радиоконтролирана експлозивна направа во воената база во Лутон', се наведува во информацијата на британскиот телевизиски канал.
Двајца соучесници, 24-годишниот Умар Аршад и 22-годишниот Сајед Фархан Хусеин, се осудени на шест годишни затворски казни од шест години и девет месеци, односно на пeт години и три месеца затвор.
Во заклучокот на судијата, било наведено дека сите осудени претставуваат значајна опасност за општеството.
Макфакс
Судот во Лондон осуди на доживотен затвор двајца обвинети за заговор за изведување бомбашки напад врз база на Копненит

Поврзани вести