Два туристички брода се судрија денеска во близина на островот Антипаксос во Јонското Море во близина на осторовот Крф, Грција, а според прелиминарните информации, нема повредени патници, објави „Катимерини.
На едниот од двата брода имало 203 патници, а во другиот имало 10 патника.
Исто така, не е регистрирана никаква штета на бродовите што би довела до навлегување на вода.
Медиумот наведува дека тројца патници се префрлени во Здравствениот центар на островот Паксос на медицински прегледи како превентивна мерка.



