„Два дена беше на апарати“ – Советничката на Вучиќ открива нови информации за здравствената состојба на српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ два дена поминал на апарати на ВМА, но сега се чувствува малку подобро, изјави вчеа советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ.
Според нејзината изјава Вучиќ сам побарал лекарска помош.
-На претседателот му беше толку лошо што сам бараше да го однесат, а тој е човек кој не признава никакви симптоми на болест. Самиот сфати дека нешто не е во ред, изјавила Васиљевиќ додавајќи дека пристигнале првите резултати.
Таа изразила уверување дека по оваа ситуација, Вучиќ ќе почне да ги слуша луѓето кои се грижат за неговото здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.