понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Два лека од Куба се покажаа значително ефикасни против КОРОНА ВИРУСОТ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Два лека од Куба се покажаа значително ефикасни против КОРОНА ВИРУСОТ

Властите од Куба известија дека употребата на два лека развиени од кубанските компании за биотехнологија значително ја намалува смртноста кај нив. Во последните десет дена забележани се само 2 смртни случаи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Хрватска: нема новозаразени со КОРОНА ВИРУС за прв пат од 9 март

Понатаму наведено е дека двата лека особено помогнале во лекувањето на сериозно болни лица од КОРОНА, во спречување на тнр„цитокински синдром“ – опасна имунолошка прекумерна реакција на организмот, кога самиот напаѓа здрави ткива заедно со вирусот.

„Околу 80 проценти од пациентите кои стигнуваат до критична состојба умираат. Во Куба се спасуваат 80 проценти од оние кои завршуваат во критична состојба“, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

„Итолизумаб“ – моноклонално антитело што се произведува во Куба и во неколку други земји е едниот лек. А вториот лек е вид на пептид развиен и првично тестиран од кубанската индустрија за биотехнологија.

Грција: Данокот од КОРОНА ВИРУСОТ ќе биде над 600.000 нови невработени

Поврзани вести