Дали две дози на вакцини штитат од делта вирусот?

Две дози од вакцината против ковид-19 се чини дека штитат од многу заразната делта верзија на коронавирусот, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).
„Податоците што се појавуваат и се добиени од конкретни докази, покажуваат дека две дози на вакцината штитат од делта варијантата“, рече Марко Кавалери, одговорен за стратегијата за вакцинација во ЕМА.


Бројот на лица заразени со ковид-19 повторно се зголемува во Европа од минатата недела, по десет последователни недели пад, соопшти Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).
„Свесни сме дека постои загриженост за брзото ширење на делта варијантата“, додаде Кавалери.
„Во моментов, се чини дека четирите вакцини одобрени во Европската унија штитат од сите видови што циркулираат во Европа, вклучувајќи ја и делта варијантата“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.