Две златни и еден бронзен медал за Филип и Камелија Недев

Македонските каратисти постигнаа одлични резултати освојувајќи два златни и еден бронзен медал на Светскиот куп во традиционално карате во Лублин, Полска, информираат од МТКФ.

Филип Недев освои две златни медали во дисциплините кати и кихон кумите во категорија за деца 9-10 години. Камелија Недев освои бронзен медал во кати за деца од 12 до 13 години.

– Конкуренцијата беше многу силна каде учествуваа над 700 каратисти од 23 земји, велат од МТКФ. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.