четврток, 12 ноември 2026
Најново

Две ловечки пушки и муниција пронајдени при контрола на возило во кавадаречко

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 22.02.2025 во 12.35 часот во атар на с.Мајден, Кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.

Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести