Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина.
За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување.