Претераната изложеност на сонце нема да ви ја направи кожата поубава и исончана, туку може само да ви направи дополнителен проблем – изгореници. Потоа сѐ што останува е црвенило, чешање и пецкање на кожата.
Доколку не сакате да бидете црвени како рак, избегнувајте претерано сончање од 11 до 16 часот бидејќи тогаш УВ зраците се најсилни, а доколку веќе е касно и кожата ви настрадала, еве некои совети од дерматолог.
Имено, дерматолозите сметаат дека алое вера и кокосово масло можат да помогнат во ублажувањето на изгорениците и намалувањето на лузните предизвикани од преголемата изложеност на сонце, пишува Well and Good. Меѓутоа, дерматологот Гита Јадав, основач на FACET Dermatology од Торонто, Канада, вели дека е важно и кога се употребува кокосовото масло.
„Ако го нанесете пребрзо откако сте изгореле на сонце, може да ја влошите болната, отечена и спржена кожа бидејќи така ќе задржи топлина. Затоа препорачувам прво да се употреби алое вера, а потоа кокосово масло“, објаснува таа
Тоа значи дека ако имате било какви проблеми во врска со кожа изгорена на сонце, заборавете на нанесување на кокосово масло и држете се до разладување со алое вера или крема за сончање.
„Алое вера ѝ овозможува на кожата да дише и за изгореници од сонце најдобро е да се користи во почетокот. Кокосовото масло е подобро да се користи во подоцнежните фази од опоравувањето од изгорениците, кога кожата се лупи“, советува д-р Јадав.