Две пријателки кои ги менуваат стандардите за убавина: Тие се доказ дека истите комбинации изгледаат одлично без оглед на големината

Стандардите за убавина не се она што некогаш беа. Светски познатите супермодели како Кејт Мос и Наоми Кембел кои беа идеал за убавина во 90-те години, денес се сметаат за икони, но не се повеќе „стандард“ кој жените сакаат да го достигнат во 21-от век.
Светот на модата и убавината стана поприфатлив бидејќи луѓето го бараа тоа, а голема улога играат и социјалните мрежи преку кои се менуваат идеалите за убавина.
Модната индустрија секој ден станува се полиберално место кое започнува да ги отвора вратите за речиси секого. Инклузивноста во модата е нешто кон кое денес тежнеат бројни брендови, а можеме да кажеме дека целиот бран започна пред речиси 10 години кога на сцената се појави реалити ѕвездата Ким Кардашијан, која ги нормализираше облините.


Покрај неа, поборници за инклузивност се и плус сајз моделите како Ешли Греам, Искра Лоренс и Палома Елсесер.
Денес и самите можеме да видиме дека брендовите започнуваат да вклучуваат и плус сајз величини во своите колекции, а модниот свет започнува да наликува на луѓето кои секојдневно ги среќаваме на улица и престанува да биде идила која е невозможна да се достигне.


Инстаграм инфлуенсерките, а пред се и пријателки, @mariacastellanos_ri и @denisemmercedes покренаа движење преку хаштагот #stylenotsize кое има за цел да прикаже исти комбинации на различен тип на тело.


Марија и Дениз имаат различна физичка градба – едната носи конфекциски број 34, додека другата носи 44, а единственото нешто заедничко се нивните аутфити. Движењето го започнале во 2019 година за да покажат дека истата комбинација може одлично да изгледа без оглед на големината…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.