Двојна прослава во семејството Ражнатовиќ! Идила на велигденската трпеза: Цеца има две причини за среќа, еве што посебно ги радува (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ покажа како изгледа најголемиот христијански празник во нејзиниот семеен дом.Имено, Цеца го снимила своето семејство на свечен велигденски ручек. Нејзиниот син Вељко седнат како вистински домаќин на чело на масата, додека околу него се неговите синови, неговата бремена сопруга Бојана, која наскоро ќе го роди третиот син, како и сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ со сопругот и нивните деца. „Христос воскресе“, рече пејачката, а тие едногласно и’ одговорија: „Навистина воскресна“.Покрај овој празник, тие имаа уште една причина за славење во домот Ражнатовиќ, а тоа беше роденден на синот на Лидија. Му донесоа торта и му пееја роденденска песна.Инаку, Светлана Цеца Ражнатовиќ со семејството присуствуваше на полноќната литургија во црквата Свети Сава, каде што се причестија.

Пронајдете не на следниве мрежи: