Дебакл на Пеце Богојески Бунтур во Битола

Сите се сеќавате дека едно време имаше некои тнр „реформатори“.  Дигаа галама, народски џева, требало реформи во ВМРО. И тоа звучеше добро се до оној момент кога беа „усисани“ во Белата палата од огромната сисалка која дава функции на секој и сешто само за да се молчи. Меѓу нив беше и Пеце. Стана заменик на заменикот или нешто слично. А од реформите не остана ни р ни трага. Но, дали е тоа битно сега? За функционерите не е време, но за членството е доказ дека некој си ја користи партијата за лични агенди…Значи Пеце стана функционер. Баш по примерот на Стејт департмент каде што и десето ниво под секретарот е функционер. И никој не ги слушна негодувањата на членството поради овие „наградувања“ со измислени функции… Параходот си продолжи да си врви…

Но игнорирањето на нешто и некој не значи и дека тоа нешто или некој не постои. Туку дека ти не сакаш да ја видиш реалноста. Да ве потсетам Бунтур ги навредуваше тие што протестираат по Скопје за заштита на националните интереси, прогласувајќи ги анблок за руски шпиони, односно „рубља патриоти“. И се така со една неподносли леснотија на постоењето од кабинетот на заменикот на заменикот… Ама цехот дојде. На состанокот од пред некој ден, наши извори информираат, а имема богами добри извори, Бунтур доживела дебакл. Заменикот на заменикот имал задача да собере луѓе за мајскиот митинг во јуни од Битола. Сега треба да се видат неговите способности како заменик на заменикот… Додуша малку го местат, за да го лизнат – од горе. Но се лизнал и од доле. Имено, членовите кога го виделе дека дошол во комитетот во Битола фалите усвет. Сакајќи да покажат дека не се согласуваат со политиката која се води „од горе“. Па така „високата делегација“ останала сама во просториите. Додуше не биле сосема сами бидејќи биле еден куп функционери…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.