Деветмина пијани управувале пловни објекти во Охрид

Девет лица возеле пловни објекти под дејство на алкохол. Откриени се во акциска контрола спроведена вчера во водите на Охридското Езеро.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека биле контролирани 63 пловини објекти и констатирани 52 прекршоци.
– Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти. Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани се 52 прекршоци и тоа: немање задолжителна опрема, управување необележан пловен објект, управување нерегистриран пловен објект, управуване пловен обект за време на забрана, управување пловило без одобрение за пловидба, превезување повеке патници од дозволеното, неносење пловидбена дозвола, и сл., а по извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол, информира МВР.

– Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување.
The post Деветмина пијани управувале пловни објекти во Охрид appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: