среда, 25 ноември 2026
Најново

Девет жртви во железничка несреќа во Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тешка железничка несреќа се случи во 6:30 часот по локално време во Турција. Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. Како што јави Анадолија два вагони од возот излетале од шините. Бројот на жртвите се зголемува и според последните податоци, во неа загинале девет лица, меѓу кои и тројцата машиновозачи, соопшти министерот за транспорт Џахит Турхан. Како што прецизно објасни тој брзиот воз ја напуштил станицата во Анкара во 6:30 часот, а околу шест минути подоцна се судрил со локомотивата.
Министерот Турхан соопшти дека се хоспитализирани или им се укажува лекарска помош на 47 лица и воедно им посака брзо опоравување.

 

Поврзани вести