Девојката на Роналд објави слика, па наскоро ја избриша: Сите коментираат дека е бремена

Убавата манекенка ги разгоре гласините дека е бремена
Девојката на Кристијано Роналдо (36), Џорџина Родригез (27), објави фотографија во бикини на социјалните мрежи, што натера многумина да помислат дека е бремена.
Џорџина по неколку часа ја избриша фотографијата од Инстаграм, но кружи на социјалните мрежи со заоблен стомак, па фановите алудираат на бременост.


Таа позираше во затегнато бикини во боја на кожа, а беше фотографирана одозгора, така што нејзиниот стомак беше јасно видлив и поттикна гласини дека убавата манекенка и фудбалерот очекуваат дете.
„Дали е ова скриена порака од одморот?“, „Џорџина е бремена?“, „Изгледа како да е бремена?“, „Или не јадела добро или е на почетокот на бременоста“, се некои од коментарите.
Роналдо и Џорџина имаат четири деца, од кои едното им е заедничко. Тие имаат девојче Алана Мартин, додека Роналдо со помош на сурогат мајка го доби синот Кристијано Џуниор и близнаците Ева и Матео.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.