Девојка изела колач во ресторан и починала! Ана (20) со момчето била на вечера кога започнал ужасот

Ана Белисарио (20) почина на 5 февруари минатата година во болницата Сан Рафаеле во Италија, откако доживеа анафилактичен шок додека вечераше со своето момче во ресторан за брза храна во Милано на 26 јануари.

Џенифер Анистон откри која би била нејзината работа доколку не е актерка: За мене е многу забавно да се занимавам
Актерката Џенифер Анистон го негува својот стил уште од серијата „Пријатели“, а со текот на годините се бележат ретки избори каде погрешила во нејзиниот моден …
Снимка од авионот пред катастрофалниот пад! Вознемирувачки сцени, патници во паника, ужас во Казахстан сумиран во една минута… Следеше смрт (ВИДЕО)
Еден од патниците, кој имал среќа да го преживее падот на патнички авион во Казахстан, ја снимил драматичната ситуација од леталото и и’ го испратил …

Покрената е истрага за смртта на 20-годишната девојка, бидејќи Ана била алергична на млечни производи, а и’ бил послужен тирамису десерт кој бил направен со млеко, а воедно таа била и веган.

Две жени кои водеа слаткарница и беа одговорни за снабдување на ресторанот со десерти се под истрага за убиство од небрежност. Прелиминарната истрага сугерира дека осомничените ја измешале нарачката за вегански слатки со десерти што содржеле млеко, што резултирало со фатален исход за младата девојка, пишува италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

Во извештајот од истрагата се тврди дека компанијата не спречила мешање на две производни линии во лабораториската слаткарница, која во тоа време снабдувала 63 италијански ресторани со веганскиот производ Тирамису.

Во реконструкцијата, која беше направена во понеделникот, речиси една година по смртта на Ана, обвинителите тврдат дека не се почитувало одвојувањето на состојките и дека персоналот не добил соодветна обука, освен четиричасовен курс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.