ДЕВОЈКА (9) И ТАТКО ЗАГИНАА ВО БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Со него ја чекаше мајка си пред продавница, а потоа СЕ СЛУЧИ ЕКСПЛОЗИЈА

Шест лица загинаа во страшниот бомбашки напад во Истанбул, кој беше окарактеризиран како терористички напад, меѓу кои едно девојче (9) и нејзиниот татко.

Силна експлозија одекна во неделата попладне на шеталиштето во центарот на Истанбул, што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече „бомбашки напад“.

„Го проколнувам овој предавнички напад во кој загинаа татко и неговата ќерка. Како земја, ние стоиме со сите средства со семејствата на нашите браќа и сестри кои загинаа и со нашите ранети луѓе. Ниту еден злобен фокус нема да може да го наруши нашето единство и солидарност“
ДЕВОЈКА (9) И ТАТКО ЗАГИНАА ВО БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Со него ја чекаше мајка си пред продавница, а потоа СЕ СЛУЧИ ЕКСПЛОЗИЈА

Најмалку 81 лице е повредено, а турската полиција уапсила жена, која ја признала поврзаноста со терористичка организација.

Меѓу загинатите се и Јусуф Мејдан и неговата ќерка Екрин.

Веста за нивната смрт ја потврди министерот за семејство и социјални услуги Дерја Јаник, пренесува турскиот портал Дуња.

„Го проколнувам овој предавнички напад во кој загинаа татко и неговата ќерка. Како земја, ние стоиме со сите средства со семејствата на нашите браќа и сестри кои загинаа и со нашите ранети луѓе. Ниту еден злобен фокус нема да може да го наруши нашето единство и солидарност“, рече таа.

Мејдан, кој работел во Министерството за семејства, со семејството дошол во Истанбул на свршувачка на роднина. Во неделата се движеа по улицата каде што се случи нападот.

Јусуф и неговата ќерка загинаа, додека неговата сопруга Мевлиде беше тешко повредена во експлозијата.

Татко и ќерка ќе бидат погребани денеска во Адан, јавуваат турските медиуми.

Семејството требало да се врати дома во недела навечер.

Турските медиуми јавуваат дека семејството во неделата отишло на позната улица на шопинг и разгледување. Додека Мевлида била во продавницата надвор ја чекале таткото и ќерката и во тој момент дошло до експлозијата.

Се додава дека родителите ја оставиле втората ќерка Дерин кај нејзината тетка во Адана кога заминале за Истанбул.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.