Девојки, еве што се случува ако два дена по ред ги носите истите гаќички

Дали ќе ви се случи нешто ако ги носите истите гаќички два, па дури и три дена по ред? Експертите за здравје велат ДА!
Нашата долна облека треба многу работи да издржи. Покрај тоа што на неа се лепат остатоците од кожата и влакненцата, често се насобира пот, исцедоци од вагината и честички фекалии. Токму така и се создава совршена околина за развој на бактерии и микроби кои се множат неконтролирано на таа температура. Замислете си да ги носите тие работи со вас неколку дена по ред. Бактериите ќе се размножат, ќе почнат лошо да мирисаат и може да предизвикаат воспаление. Дури и два дена е сосема доволно за сè ова да се случи.


1. Чешање
Потта и токсините го напуштаат телото низ кожата, па на тие места може да се појави чешање. Ако бактериите и габите се размножат на кожата, тие само дополнително го влошуваат чешањето. Со редовното менување на долната облека, вие се заштитувате од оваа ситуација.
2. Осип
Кога кожата доаѓа во контакт со микроби, таа веднаш реагира. Најчесто се појавува црвенкаст осип кој чеша. Ако не ги менувате гаќичките секојдневно, комбинацијата од вагинален исцедок и честички фекалии ќе го поттикне размножувањето на бактериите што предизвикуваат осип.
3. Воспаление на мочниот меур
Ако подолго време носите едни гаќички, големи се шансите да ги пренесете бактериите од нив во мочниот тракт и со тоа да предизвика воспаление на мочниот меур.
4. Срамни вошки
Лошата хигиена и нередовното перење на долната значително го зголемува ризикот од појава на срамни вошки кои можат да предизвикаат цела низа нови здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.