Девојче падна од прозорец од 5-ти кат

Во еден руски град безбедносните камери снимиле не толку пријатна сцена- девојче кое паѓа низ прозорец од петти кат.
Тагир Могамедов и Ајдемир Кулдуев се нашле на вистинското место во вистинското време. Да не биле тие двајца последиците би биле фатални за девојчето.
Според пишувањата на медиумите, малото девојче Аиша се здобило со неколку исеченици, додека еден од храбрите спасувачи ја повредил раката.

Тамошната влада одлучила да ги награди овие храбри момци поради навистина херојскиот потег.
Медиумите истакнуваат дека таткото на Аиша за време на незгодата бил на работа, додека нејзината мајка отишла до продавница која се наоѓа веднаш пред нивната зграда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.