Девојче (5) распарчено од семејните кучиња, таткото безпомошно гледал (фото/видео)

5-годишно девојче починало откако било нападнато од двете кучиња на семејството во Ковина, Калифорнија.Девојчето наводно било нападнато од десетгодишен ротвајлер и шестгодишна мешавина од ротвајлер, а повредите биле лоцирани на торзото и главата.Според поручникот Стив ДеЈонг од округот Лос Анџелес, девојчето било во дворот на семејната куќа со нејзиниот татко кога се случил нападот.Членовите на семејството се обиделе да му помогнат на девојчето на лице место. Таа итно била пренесена во болница каде, за жал, им подлегнала на повредите.Заедно со девојчето во болница е пренесен и таткото, но не се наведува причината или степенот на повредите со кои се здобил.Според реконструкцијата, во моментот на нападот во куќата имало четири кучиња. Сите се окарактеризирани како „миленичиња“. Девојчето било нападнато од две, а како што рекле членовите на семејството, девојчето цел живот „имало контакт со нив“.На видеото по нападот се гледаат нејзините влечки кои останале во дворот…„Семејството соработуваше, а таткото е уништен од она што се случи. Можеме да заклучиме дека тоа беше трагична несреќа“, рече Де Јонг.Во меѓувреме, сите четири кучиња се земени и одземени, сместени во Центарот за згрижување на животни.„Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес моментално го истражува овој случај“, изјави Кристофер Валас од Центарот за нега на животни за USA Today.„Прво мислевме дека е нападнат соседот, а потоа слушнавме дека всушност е нападнато нивното дете“, вели соседката Ен Еванс, која живее во близина и која истакнува дека овој настан ги исплашил и шокирал.

Друга сосетка, која живее во близина на семејната куќа на жртвата, вели дека никогаш не видела ротвајлери и е изненадена што тие имаат куче.

Пронајдете не на следниве мрежи: