Дедо го продавал внукот преку Фејсбук

Полицијата на северот на Индија во среда го уапси 47 годишниот маж кој на Фејсбук договорил продажба на внукот, доенче, на еден бизнисмен за цена од 640 евра.Фероз Кан, жител на Лудиана, во Пенџаб, е обвинет за киднапирање на внукот веднаш откако неговата ќерка го родила во април. Потоа побарал помош од двајца посредници кои работеле во породилиштето, а кои го контактирале купецот преку Фејсбук и ја договориле продажбата.„Сите тројца се уапсени и ќе го испрашаме и бизнисменот кој платил за купување на новороденчето“, изјави Сатиш Малхотра, полициски функционер од Лудиана, град на 300 километри од Делхи.Полицијата го пронашла детето и го вратила на мајката, разведена жена, која покренала тужба против сотсвениот татко.Тројца обвинети кривично се гонат заради киднапирање. Ќе се појават пред судот во среда и ако бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна во траење од седум години.Во 2011 година индиската сојузна полиција му укажа на правосудството дека 815 организирани банди со 5.000 членови се вмешани во киднапирање на деца во Индија, за да ги вклучат во мрежата на проституција и питање.
MaкфаксПолицијата на северот на Индија во среда го уапси 47 годишниот маж кој на Фејсбук договорил продажба на внукот, доенче

Пронајдете не на следниве мрежи: