Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер

Традиционална предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“ што ја организира воздухопловната бригада на АРМ ќе се одржи и годинава. Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер за да им подели пакетчиња на децата на загинатите и починатите припадници на Воздухопловната бригада на АРМ и на децата на припадниците на бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана. Денес Дедо Мраз со хеликоптер ќе пристигне во касарната „Страшо Пинџур“, на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.