Дежурни пунктови за деца во „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Ѓорче Петров“

Три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје почнуваат да функционираат од денес. Тие се наоѓаат во поликлиниките “Бит пазар“, “Јане Сандански“ и “Ѓорче Петров“, па граѓаните наместо во Клиниката за детски болести или во Детската болница “Козле“ ќе може најпрво таму да побараат здравствена помош за своите деца.
Во пунктовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе  бидат во постојана комуникација со дежурните лекари на Клиниката за детски болести и Детската болница “Козле“. По потреба потешките случаи и оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две јавни здравствени установи.
Пунктовите ќе примаат пациенти од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораторииите од 8 до 23:30 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.