Декласифицирани документи: Бин Ладен заговарал вовлекување на САД во „криза“ со тоа што ќе го направи Бајден претседател.

Декласифицирани документи: Бин Ладен заговарал вовлекување на САД во „криза“ со тоа што ќе го направи Бајден претседател.

Декласифицирани документи што беа пронајдени во куќата на основачот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, во 2011 година откриваат дека тој сакал да го убие тогашниот претседател Барак Обама за да го направи „тотално неподготвениот“ Jо Бајден претседател на Соединетите држави, предвидувајќи дека Бајден ќе ги вовлече САД „во криза“.

Амбасадорот на Кина во Русија вели дека коронавирусот увезен кај нив, укажува на генетска секвенца како доказ

Документите, првпат објавени од „Вашингтон пост“ во 2012 година, беа откриени и објавени од уредникот на „Фокс њуз“, Грег Ре, во средата вечерта. Во писмото, Бин Ладен му напишал на еден висок официјален претставник на Ал-Каеда дека тој наложил на исламистичка терористичка организација да создадат две групи за да ги набљудуваат и таргетираат американските авиони кои го посетуваат регионот, кои може да го превезуваат Обама или тогашниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус.

Бин Ладен специјално им наложил на терористите „да не таргетираат посетите на американскиот потпретседател Бајден“. Бин Ладен напиша: Причината за концентрирање на нив е што Обама е шеф на неверниците и неговото убиство автоматски ќе го доведе Бајден да го преземе претседателството за остатокот од мандатот, бидејќи тоа е норма таму. Бајден е тотално неподготвен за таа функција, што ќе ги доведе САД во криза.

Фокс њуз истакна дека во времето кога американските сили биле подготвени да го нападнат комплексот на Бин Ладен во 2011 година, Бајден не бил сигурен дали американските сили требало да напредуваат со оваа операција. „Г. Претседателе, мојата сугестија е да не се реализира акцијата“, тврди Бајден дека му рекол на Обама. „Мора да направиме уште две работи за да видиме дали тој е таму“.

Починал ли Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун?

Секретарот за одбрана на Обама, Роберт Гејтс, го осуди Бајден во 2014 година во мемоарите дека „погрешил на скоро сите големи надворешно политички прашања како и за прашања за национална безбедност во текот на изминатите четири децении“. Кога подоцна беше „притиснат“ за време на интервјуто за ж ЦБС Њуз за она што тој го кажа за Бајден, Гејтс рече: „Јас стојам на таа изјава“. Додека Бајден се двоумеше кога имаше шанса да убие терористи, претседателот Доналд Трамп агресивно ги лови, меѓу нив и лидерот на Ал-Каида на Арапскиот Полуостров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.