четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска вистинска пролет во Македонија, од утре целосен пресврт во времето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 19 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.


Во петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои поиниски места. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено во петок во текот на ноќта и во сабота кога наместа ќе достигнува до 80 км/ч. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени во споредба со денешната.

Поврзани вести