четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска доаѓа прашината од Сахара, a eве какво време не очекува до крајот на неделата и за Велигден

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и транспорт на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја. Минималните температури ќе се движат од 4 до 11, а максималните од 13 до 18 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени.
Вo среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето и ќе преовладува сончево време. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Поврзани вести