Денеска е Курбан Бајрам – Каков празник е и што се прави на денешен ден?!

Денеска е Курбан Бајрам.
Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. По молитвата, верниците го почнуваат тридневното славење, во кое почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболичното колење на Курбанот. Курбан Бајрам е и празник на славење на извршувањето на петтиот исламски столб Хаџот.
Курбан бајрам — голем исламски празник кој трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
Курбан бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приблиќно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.
Следниов список претставува список на официјални датуми кога се прославува Курбан бајрам во Саудиска Арабија според прогласите на Врховниот совет. Датумите во иднина се пресметани според Umm al-Qura календарот на Саудиска Арабија.

Пронајдете не на следниве мрежи: