Денеска е Преподобен Патапиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 декември, денеска е Преподобен Патапиј.
Преподобен Патапиј се роди во градот Тива, покрај реката Нил, во Египет. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште додека беше млад, тој го засака монаштвото и се повлече во една од египетските пустини.
Неговиот свет живот им го сврте вниманието на луѓето, а тој, сакајќи да избега од почестите, побегна во Цариград и се на¬сели во една колипка. Некое време остана непознат, а потоа Господ им го покажа на луѓето, на кои им служеше до крајот на својот добродетелен живот, особено со дарот на чудотвор¬ство. Се упокои во седмиот век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.