недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Денеска е Св. маченик Евпсихиј

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мачеништвото на Евпсихиј паѓа во времето на владеењето на Јулијан (361-363 година), кој заради отпаѓањето под христијанството и враќањето на идолопоклонството во историјата стана познат по прекарот Отстапник.
Евпсихиј потекнувал и живеел во Кесарија Кападокиска и од дете бил воспитан во христијанството. Кога станал полнолетен се оженил. Се случило, денот на неговата свадба да се поклопи со денот кога во овој град се принесувале жртви во чест на идолот на Среќата (Фортуна).
Поттикнати од древноста кон Бога, Евпсихиј со уште некои христијани го урнале идолот, а потоа, знаејќи што ги чека почнале да се подготвуваат за мачеништво. Свети Евпсихиј бил затворан, мачен и најпосле му била отсечена главата.

Поврзани вести