четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска мал број на нови случаи но висока бројка на починати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.

Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во
болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-351, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-85, Биотек-142, Систина-57, лабораторија Лаор-46, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-38, Генеа-4, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-17, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.
Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.

Поврзани вести