четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска променливо облачно, нови врнежи од утре

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува, а ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег.
Особено повеќе ќе бидат застапени во во западните подрачја на земјава.
Највисоката температура преку денот ќе достигне од 3 до 14 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 9 степени.
Нови врнежи се очекуваат утре вечер, преку ноќта и в понеделник, кога поради спуштање на постуден и влажен воздух од север на планините и на повисоките места врнежите ќе поминуваат во снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Поврзани вести