Денеска променливо облачно, утре сончево- убаво подгответе се за тоа што следува од среда

Денеска ќе преовладува променливо облачно, а од изутрина најпрвин во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен источен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 15 степени.


Времето во среда ќе биде претежно облачно со врнежи кои ќе започнат од југ и таму ќе се и поинтензивни, а потоа ќе се прошират кон север со послаб интензитет.
Врнежите ќе започнат како дожд а до крајот на денот ќе преминуваат во снег понекаде на повисоките места особено на југозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во четврток времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.