Родена во Рим од благородни родители, а остана сираче кога имаше три години. Како сираче, ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години, Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабошците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавите измами и да ги истрпи маките. Анастасија ѝ рече: „Готово е срцето мое да пострада за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“. Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос.
- Министрите за енергетика на ЕУ на состанок во Ирска: гасот поскапува, се разгледуваат мерки за штедење
- Главните карактеристики на секој хороскопски знак
- Кремаст десерт во кој многумина ќе уживаат: Направете неодолив колач од чоколадо и ванила
- Новинарите ја открија тајната на Путин: Тој ја крие својата внука од јавноста, чиј татко е балетскиот танчер Зеленски
- Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
- Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса
- Стеф Кари стана најплатен играч во историјата на НБА
- Големо откритие за Бик, може да дознае за измама
- Девет лица се уапсени под сомнение за воени злосторства во Косово
А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласкања, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа. На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабошците го убија. Ѝ ги отсекоа градите и јазикот. Ѝ се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше. Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј.
Пронајдете не на следниве мрежи:



