четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска сончево и топло, но со ветер- еве какво време не очекува за време на викендот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Поврзани вести