Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV индексот ќе биде 8.
Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 32 степена.
Од утре следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.