Денеска сончево со умерена облачност, од среда снег

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени.
Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури.
Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време.
Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.