четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска сончево со умерена облачност, од утре голема промена на времето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сончево со умерена облачност и со слаб, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините претпладне ќе биде магливо и студено, а попладне се можни кратки сончеви периоди.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје и околината магливо со температура до 4 степени.


Утре кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во вторник претпладне, а поради спуштање на студена маса од север, ќе преминат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови.
Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно со ниски утрински температури

Поврзани вести