Денеска ќе има нови цени на бензинот и дизелот во Македонија

По бранот поскапувања, движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон дава надеж дека конечно ќе имаме двонеделен период по кој Регулаторната комисија за енергетика ќе може да постави пониски максимални малопродажни цени.
Во моментов барел нафта се движи околу 75.5 долари и тоа е цената на која е фиксиран овој енергенс во последните неколку дена. Највисоката вредност во изминатиот пресметковен период беше 77 долари кон крајот на минатата недела. Сепак и тоа е под просекот од претходните две недели кој изнесуваше 78,6 долари за барел.


За очекување е во вакви услови Регулаторна комисија да пресмета пониска максимална малопродажна цена.
За очекување е поевтинувањето да се движи меѓу еден и два денари по литар во зависност од дериватот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.