Денеска ќе се одлучува дали ќе се воведат мерки против делта сојот

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе разговара дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции.
Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати денеска.
Комисијата ќе проценува и дали да се воведат тестови за влез во Македонија.
„Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме“, рече министерот Филипче.
Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.