четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска ќе се одржи конгрес на СДСМ кој ќе биде дигитален

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утре, 16.05.2021 година (недела), со почеток во 13:00 часот, СДСМ ќе го одржи 26. Конгрес.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Конгресот ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од Конгресот во живо и да преземат видео материјал со висока резолуција (HD) доколку имаат потреба за тоа, со обезбден превод на два јазика (македонски и албански).

Поврзани вести