петок, 13 ноември 2026
Најново

Денес е најмоќниот ден во последните 100 години! Но, што точно значи тоа?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Низата 11.11 ни носи чуда, но само ако вистински верувате во нив. Отворете го срцето и ќе се случи чудо! Ако чувствувате дека вашиот живот е забавен, ако сте болежливи и уморни од истите нешта, 11-ти ноември ќе ви донесе свежина во вашиот живот. Овој ден е вибрациски силен поради фактот дека е 11-от ден во 11-от месец.
1111 или 11/11 поседува посебно духовно значење бидејќи се верува дека тоа е бројот на духовното будење и моќните нови почетоци. Ако често гледате 11:11 на часовникот или сте привлечени од бројот 1111, тоа укажува на фактот дека доаѓа промена или будење што веќе се појавило на хоризонтот.
Ангелите, духовните водачи и вселената исто така ги користат броевите како начин на поврзување и комуницирање со вас. 1111 најчесто се користи од страна на вашите водачи за да ве насочат кон вистинскиот пат. Во нумерологијата, бројот 1 означува нови почетоци, а кога постои во низа, тоа создава силна енергија за будење на својот потенцијал.


11-ти ноември е најдоброто време да го промените својот живот, да ги поставите своите намери и да навлезете подлабоко во нештата за да ја откриете вистината. Нови будења, нови информации и нови нивоа на просветлувања – сите овие нешта се возможни токму на овој ден поради неговата моќна енергија.
Значење за 2018 година
Последен пат доживеавме универзална година на бројот 11 во 2009 година, а пред тоа во 1910 година. Но, што значи овој датум за оваа година?
Тоа е број на водство, лична моќ и духовна вистина
Во нумерологијата бројот 11 е главен број – тоа значи дека има интензивна и висока вибрациска фреквенција и делува на внатрешните, етерични, магични и трансцендентални области на создавањето. Главните броеви поседуваат голем потенцијал за учење и растење и можат да донесат големи промени во вашиот живот. Бројот 11 е најинтуитивниот број и претставува канал кој води кон потсвеста. Тој е број на водството, лична моќта и духовната вистина.
Шамбала


Зборот „шамбала“ резонира со главниот број 11 во нумерологијата и е совршениот збор што може да ви помогне да го прифатите поголемиот потенцијал на нашата универзална година на бројот 11. Шамбала е санскритски збор што во груб превод означува мир, спокој и среќа. Секој од нас има слобода во нашите срца и умови да одберете да искуси рај тука на Земјата. Имаме можност да живееме живот во којшто сме љубезни кон другите, живееме во согласност со Земјата и сме дел од нешто многу поголемо од нас.
Завршни мисли за овој ден
Ако чувствувате дека е потребна промена во вашиот живот и дека нештата едноставно не се онака како што би сакале, тогаш искористете ја енергијата на 11-ти ноември. Отворете го срцето и пуштете ги вибрациите на новите почетоци во вас.

Поврзани вести